Соочени со катастрофалната состојба во државата СДСМ се обидуваат со манипулации да ја залажуваат јавноста. Ништо од досега ветените проекти немаат реализирано. Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри магистрални и 1000 километри локални патишта. Ништо од ова не реализираа, велат од ВМРО ДПМНЕ.
И тие проекти кои беа отпочнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги завршија. Не е изграден ниту автопатот од Кичево до Охрид, ниту магистралниот пат до Прилеп, ниту железницата кон Бугарија. Реализацијата на капиталните инвестиции им е рекордно ниска и никој во државата, освен мафијата на власт не знае кај завршија парите. За само три месеци ја задолжија државата за нова милијарда евра долг и освен за предизборен поткуп, ништо друго не направија. А кога не поткупуваат граѓани со ваучери, тогаш парите ги трошат набавки на шкампи, кондоми, поддршка на одредени фризери или обуки на магариња, велат од ВМРО ДПМНЕ.