Економија 04. октомври 2019. / 15:10

Хрватска 19- та, Грција 44-та: Македонските патишта ги нема на ранг листа

Хрватска 19- та, Грција 44-та: Македонските патишта ги нема на ранг листа

Патиштата во Обединети Арапски Емирати  се прогласени за најдоби во светот, се вели во Извештајот на Светскиот економски форум. На листата од 137 земји, втора по ред е  Сингапур, па Швајцарија. Меѓу првите десет земји се наоѓаат-  Хонг Конг, Холандија , Јапонија, Франција, Португалија, Австрија, САД.

Германија се наоѓа на 15 то место . Од земјите од регионот, Хрватска е најдобро позиционирана и се наоѓа на 19-то место, Грција е на 44 место , Словенија е на 51 -то место, Албанија на 57 место, на 88 -то место е Црна Гора , на 93 место е Бугарија, на 100 место е Србија , а на 109 -то место е Босна и Херцеговина.

Инаку Обединетите Арапски Емирати успеаја да станат лидер на планетата по квалитетот на патиштата, со практично непостоечка инфраструктура, користејќи најсовремени технологии и градежни материјали.

Во 2014 година, „Емирати“ започна петгодишна инвестиција од скоро 100 милијарди американски долари во патната инфраструктура и здравството, давајќи резултати.