Економија 24. декември 2020. / 16:23

Хоџа: 150 милиони евра поддршка за земјоделците

Хоџа: 150 милиони евра поддршка за земјоделците

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа по повод 100 дена од извршување на функцијата, најави 150 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците.

Со субвенции за набавка на зелена нафта како и финансиско поттикнување на млади земјоделци со 20.000 евра неповратна помош и на жените фармери со 6.000 евра.