Економија 28. септември 2018. / 20:13

Граѓаните едвам врзуваат крај со крај, задолжувањето пораснало за речиси 10% во еден квартал

Граѓаните едвам врзуваат крај со крај, задолжувањето пораснало за речиси 10% во еден квартал

Домаќинствата едвај врзуваат крај со крај, затоа и се принудени да земаат кредити, тврдат експертите откако НБРМ објави дека во првиот квартал за 9,8 отсто е пораснато кредитирањето кон домаќинствата.

Вториот фактор зошто домаќинствата земаат кредити е бидејќи се ниските плати и во приватниот сектор и во администрацијата.

– Таа локомотива или двигател на економијата, како што е приватниот сектор нема голем раздел за да може да ги подигне тие плати. Така што, фамилиите и домаќинствата мораат да имаат екстра примања, т.е. да се базираат на кредити за да можат да врзат крај со крај, вели економскиот експерт, Висар Адеми.

Кредитирањето кај компаниите е доста помало во однос на домаќинствата, односно таму зголемувањето е за 2,6 отсто. Тоа се должи на политичката криза во последните три години.

– Втората работа се локалните компании кои се базираат на извозен пазар, бидејќи извозниот пазар е во намален тренд, така што немаме свежи пари во економијата, рече Адеми.

Адеми смета дека Македонија мора да ја смени економската политика и таа да се базира на иновативност, претприемништво и извоз на локалните компании.