Економија 02. ноември 2019. / 13:30

Годинава се очекува 1,3 милиони туристи да ја посетат Македонија

Годинава се очекува 1,3 милиони туристи да ја посетат Македонија

Во 2019 година проценуваме дека ќе имаме 3 до 5 проценти зголемување на бројот на туристите и од 5 до 7 проценти пораст на ноќевањата, а очекуваме годинава да имаме околу 1,3 милиони туристи, информираше директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

Додаде дека полека македонскиот туризам се приближува кон волшебната бројка од четири милиони ноќевања и дека генерално 2019 е добра година за туризмот по големиот пораст лани.

-Затоа, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекува зголемување на бројот на туристите и пораст на остварените ноќевања, вели Јаневски.