Не само што сме во економска криза, ние немаме економија во моментов, не само што немаме економија, ние немаме држава, рече Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на Радио Лидер во „Утро со Златев“.
„Ние немаме економија, а се задолжуваме за да вратиме долгови. Ако сакате индикатор за некоја држава дали е банкротирана или не, ќе видите она што го прави Владата на Заев, она што го прави Македонија во моменотов, тоа е нови и нови задолжувања за да се враќаат долгови. Единствено платите во Макдонија сега што се исплаќаат и пензиите, се е од задолжување. Ние немаме економија“, потенцира Ѓорчев.
Тој потсети дека веќе неколку години наназад нема отворени нови фабрики во државата, а според него ниту некој тоа го очекува, ниту пак е тоа на агенда.