Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев од Собраниската говорница на пленарната седница постави прашање до власта, на што досега тие потрошиле неверојатни 3,5 милијарди евра. Тој го постави ова прашање со оглед на како што вели фактот дека ниту една шајка не е закована, а ниту една бандера не е направена.
-Вие сте тука да зборувате за јавните набавки за она што владата го набавува и за она што владата треба и сака да го испорача на граѓаните. Јас имам неколку едноставни прашања до вас. Прво прашање, госпоѓа заменик министер, Владата на Зоран Заев во 2018 година, оваа година потроши повеќе од 3 милијарди евра од граѓаните на Република Македонија. Што за 3 и половина милијарди евра Владата на Зоран Заев испорача на граѓаните на Република Македонија? Одговорот е многу едноставен, една шајка не е закована, една бандера не е направена. Госпоѓа заменик министер кажете за што потрошивте дали на јавни набавки, проекти, дали исполнети или не исполнети ветувања, дали лаги? На што потрошивте 3 и половина милијарди евра пари на граѓаните?, праша Ѓорчев.