Заменик претседателот на Владата Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР Јован Деспотовски, на прес-конференција ги презентираа прелиминарните податоци за апликациите од малите и средни компании „Примени се вкупно 236 апликации, од кои дури 88%, односно 208 апликации се за иновативни проекти, со што се покажува дека Македонија има иновативни и креативни луѓе, а ние како Влада сме задоволни што можеме да ги поддржиме овие млади лица да ги реализираат своите бизнис идеи.“
Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека интересот за аплицирање на првиот јавен повик е исклучително висок и дека со тоа се докажа дека микро, малите и средни компании ги препознаа мерките како исклучително атрактивни и се врати ентузијазмот кај младите луѓе за инвестирање.
Најголемиот дел од апликациите кои се пристигнати, или околу 84% се пристигнати од микро и мали компании, за кои всушност мерките се и дизајнирани. Проекти има од сите градови во Република Македонија, додека ако анализираме преку гранки, најбројни се апликациите од ИТ индустријата, што значи дека се следат светските трендови, односно најмногу апликации има во дејноста од која може да се добие и највисока додадена вредност. Вкупната вредност на поднесените проекти изнесува околу 51 милиони евра, од кои околу 15 милиони евра се учество на компаниите во проектите“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.
Директорот на ФИТР, Деспотовски потстети дека јавниот повик беше отворен на 27 април, компаниите можеа да аплицираат се до 11 јуни, а покажа исклучително задоволство од бројот на пристигнатите апликации.