Економија 25. јули 2019. / 20:18

Физички лица и компании ќе градат фотонапонски електрани на приватно земјиште

Физички лица и компании ќе градат фотонапонски електрани на приватно земјиште

Нов тендер за изградба на фотоволтаици, овој пат на приватно земјиште. Јавниот повик ќе се објави следната недела, а може да аплицира секое физичко или правно лице. Земјиштето за изградба на фотоволтаици може да е сопствено или под закуп, а физичките лица треба да ја докажат и финансиската способност за инвестицијата – пренесува Сител.

На тендерот нема ограничувања ниту за површината и локацијата на земјиштето, ниту, пак, за инсталираната моќност.

Критериумот ќе биде кој ќе бара најмала субвенција од државата, односно најмал премиум над пазарната цена на електричната енергија. Тие ќе може електричната енергија да ја продаваат на офтејкерот, односно оној снабдувач кој ќе биде одреден со сигурност да им јакупи, но тоа не е за нив облигација, тоа е само заштита за инвеститорите. Доколку не успеат на друго место да ја продадат својата електрична енергија, тогаш ќе имаат гарантиран откуп кај тој снабдувач, офтејкер – објасни вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Тендерот опфаќа 4 категории фотоволтаични електрани од различна инсталирана моќност, со цел големите да не им конкурираат на помалите инвеститори. Надлежните најавуваат дека проектот ќе продолжи бидејќи интересот за изградба на фотоволтаици е голем.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.