Економија 27. февруари 2019. / 15:44

ЕВН го доби тендерот за универзален снабдувач на струја

ЕВН го доби тендерот за универзален снабдувач на струја

ЕВН Македонија е избрана за универзален снабдувач со електрична енергија.

Изборот е извршен денеска на електронска аукција, каде единствен друг понудувач бил ЕЛЕМ.

Од двете компании кои аплицирале, изборот паднал на ЕВН, кои како што посочија од комисијата за избор, понудиле најниска маржа.

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека на овој начин, со изборот на универзален снабдувач,  граѓаните се заштитени од ценовните шокови. Дополнително, предност за него е и тоа што се обезбедува учество на сите заинтересирани страни, на пазарот за струја.

Сепак, изборот на универзален снабдувач, како што посочија од Владата, нема веднаш да промени ништо за граѓаните. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски вели единствената промена во моментот ќе биде само промената на името на сметките.

Од Владата и од регулаторна кажаа и дека не очекуваат зголемување на сметките за струја на граѓаните, и покрај растот на цените на струјата на светско ниво.

Од таму велат дека очекуваат покрај граѓаните, најголема корист од либерализацијата на пазарот да имаат малите и средни претпријатија.