Генсекот на владата Драги Рашковски е во центарот на голем скандал со италијанската компанија „Леонардо“, која доби тендер од 7 милиони евра од М-НАВ.
Според досегашните факти, Рашковски самиот си дал овластување да преговара со „Леонардо“ иако како генсек нема таква одговорност. Сепак и покрај тоа што знаел дека не смее да се разговара со компанијата, поради правилата на ЕБРД, Рашковски влегол во преговорите по што се поставува прашањето дали тоа го сторил со намера да добие провизија?
Во меѓувреме, додека се развиваат нови моменти од скандалот, Економски Лидер, ви открива каков имот има пријавено Драги Рашковски во неговиот анкетен лист.
Според податците од анкетниот лист, Рашковски тежи 139.105 евра.
Генсекот на свое лично име има пријавено гаража, земјоделско земјиште во Струмица, стан, три моторни возила, авторски хонорар и депозит.
Според податоците од Државната комисија за спречување на корупција, Рашковски има и кредит од над четири милиони денари кој треба да го исплати до 2028 година.
