Економија 21. ноември 2018. / 16:09

ЕЛЕМ планира да ги продава атрактивните туристички локации: Кој ќе ги ќари?

ЕЛЕМ планира да ги продава атрактивните туристички локации: Кој ќе ги ќари?

До редакцијата на „Економски Лидер” стигна допис од вработени во фирмата ќерка на АД ЕЛЕМ, односно од Елем Турс, за можна приватизација на хотелските и угостителските капацитети со кои располага.

Елем Турс под себе има неколку хотелски и угостителски објекти. Станува збор за Хотел Попова Шапка, Хотел Славија и ски-центарот Попова Шапка со комплетно ски-стазите во Шапка, Хотел Молика, Авто Камп Ливадишта во Струга и Хотел Молика во Битола, како и уште неколку други помали капацитети.

Вработените во Елем Турс, за Лидер кажуваат дека се загрижени од можната продажба или приватизација на нивните објекти, бидејќи со тоа ќе останат без своите работни места. Со доаѓањето на чело на директорот на АД ЕЛЕМ, господинот Драган Миновски, започна да се зборува за приватизација на горенаведените објекти, а сомнежот станува уште поголем откако вработените прв пат од основањето на Елем Турс немаат земено плата.

– Голем дел од објектите на Елем Турс се руинирани, а нивната употребна вредност сведена на минимум. – кажуваат вработените за Лидер.

Оттука вработените поставува прашањето:

– Како тоа ЕЛЕМ за едни од своите фирми ќерки е мајка, како што е случајот со ФОРД, каде вработените добиваат плата, хранарини и К-15, а за други упрно се обидува да биде лошата маќеа, како што е случајот со Турс, за кои што е стопирана основната помош која што со години наназад ги обезбедуваше основачот за плати?

Иако дел од овие Турс капацитети се руинирани, нивната местоположба и имот на свое име гарантираат невидена можност за работа и големи заработки на приватници. Молика е еден од најатрактивните хотели на Пелистер кој нижи успеси и под чие владение е и ски-центарот Копанки кој е високо профитабилен во зимскиот период. Ски-центарот Попова Шапка е една од најголемите инвестиции на ЕЛЕМ. Таму во зима за викенд заработките се над 50 илјади евра дневно. Автокампот Ливадишта има над 3,5 хектари сопствено земјиште и споствени плажи кој во последниве години има огромен наплив на кампери со свои камп приколи и куќарки за кои се наплатуваат годишни кирии.