Економија 30. мај 2018. / 19:47

Eкономистите песимисти околу најавите за економски раст од 3,2%

Eкономистите песимисти околу најавите за економски раст од 3,2%

Дали економскиот раст од 3,2 е остварлив годинава и ќе го испорача ветеното пред граѓаните -тоа ќе зависи од фокусот што Владата го става пред економските проблеми во државата, сметаат дел од експертите, по излагањето на премиерот за постигнатото во изминатата година. За дел од економските експерти се додека политиката е во пред план, не може да имаме економски раст.

„Целиот фокус на владата е фокусиран на политички прашања, а економските прашања се во заден план за растот да биде остварлив.“ – Марјан Петрески, универзитетски професор.

Според Петрески со промената на власта пораснаа и очекувањата на граѓаните.

„Владата сеуште се труди да одржува набиено темпо во однос на очекувањата и тие треба да допрва да ги видиме.“ – вели Петрески, универзитетски професор.