Економија 20. август 2019. / 11:41

Џевахир ја загрозува безбедноста на станарите: На “непожелните” им откриваат кој каде живее

Џевахир ја загрозува безбедноста на станарите: На “непожелните” им откриваат кој каде живее

Службеник за безбедност (Safety officer) на турската компанија “Џевахир холдинг” на социјалните мрежи го навредува портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски и истовремено ја открива локацијата на која што живее тој со своето семејство, пренесува порталот Експрес.мк.

Коментирајќи на медиумски текст за Стоилковски со тешки лични навреди лицето Асим Бислим ја дава точната локација на домот на Наум Стоилковски и со тоа во зовриената политичка ситуација со наведување на радикални политички активисти го става во опасност и портпаролот и неговото семејство.

Посебно прашање на кое ќе треба да одговорат и Бислим но Џевахир Холдинг е од каде му е информацијата за адресата на службеникот за безбедност.

Ова прашање е од голема важност затоа што од трите згради висококатници на “Џевахир Холдинг” во скопската општина Аеродром има визуелен контакт со домот на Стоилковски што упатува на можноста тој и неговото семејство да се под надзор на специјални апарати за надзор и видео мониторинг.