Економија 04. јули 2018. / 13:43

Државното трошење сепак ја уништува економијата: Инфлацијата во Турција достигна 16%

Државното трошење сепак ја уништува економијата: Инфлацијата во Турција достигна 16%

Реџеп Тајип Ердоган беше прогласен за победник на претседателските избори, и веќе спроведува амбициозен план кој Труција требал да ја претвори во велесила, масовно трошејки на секаква инфраструктура, воена технологија, здравство, образование, енергетика, металургија,итн. Крајниот резултат е инфлацијата која во Турција значително се зголеми кон крајот на јуни, а денес достигна 15,39%

Според податоците на Институтот, потрошувачките цени се зголемени за 2,61 отсто од мај кога достигнаа највисоко ниво.
Во мај инфлацијата изнесуваше 12,15 отсто, а во април 10,85 отсто.
Најголем месечен пораст на цените е забележан кај храната и безалкохолните пијалоци – 5,98 проценти.
Најголем пораст на цените на годишна основа има кај транспортот – 24,26 проценти.
Предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција се одржаа на 24 јуни, и партијата на Ердоган повторно извојува победа.