Записник од состанокот открива дека Владата е фатена како шири лажни вести, Пешевски, Миноски, Мизо сепак давале совети за платформата „За татковината со љубов“.
Според списокот што го објави вицепремиерот Фатмир Битиќи помеѓу имињата на активните членови на платформата изоставени се Владимир Пешевски, Виктор Мизо и Кирил Миноски.
Според белешката пак, од првиот иницијален состанок на платформата „За татковината со љубов“ одржан на 2 декември како еминентни лица и експерти за економски теми, преку видео конференциска врска присуствувале и Владимир Пешевски, Виктор Мизо како и Кирил Миноски.
Битиќи вчера во интервју за Телма одговори неодредено на новинарското прашање дали Пешевски и Миновски се членови на оваа платформа.