Економија

Дојдоа од пустелија, сега не им чинела Италија: Имигрантите протестираат за поголеми плати

Дојдоа од пустелија, сега не им чинела Италија: Имигрантите протестираат за поголеми плати

Стотици собирачи на домати , меѓу кои најголем број мигранти , заедно со синдикалците протестираа на југот на Италија за подобри услови за работа.

Мигрантите , од кои најголемиот број од Африка, излегоа на протестен марш со барања за подобри услови за работа. Тие се жалат дека зарабитуваат помалку од нивните колеги , Италијанци , како и дека немаат превоз до полињата .

Токму недостигот на превоз и користењето комбиња , во кои се возат и по десетина работници , беше причина за две тешки сообраќајни несреќи во кои неделава загинаа 16 работници.

Протестниот марш почна од работниката населба со бараки во Сан Северо до гратчето Фоџа. Во овој регион во ек е бербата на домати , а двете сообраќајни несреќи се случија кога комбиња со работници се судрија со камиони полни со домат.