Економија 26. април 2018. / 10:31

Договор вреден 7,3 милиони евра: Македонско-турска компанија концесионер за мермер во Прилеп и Долнени

Договор вреден 7,3 милиони евра: Македонско-турска компанија концесионер за мермер во Прилеп и Долнени

Македонско-турската компанија „Волостон“ за 7,3 милиона евра стана концесионер за геолошки истражувања на мермер на локалитетот Самарница на површина од 4.6 километри квадратни која ги зафаќа Прилеп и Долнени. Инвеститорот ќе вложи уште 22 милиони евра, а ќе вработи 500 работници.

Од 7,3 милиони евра, 78 насто пари се за Прилеп и Долнени, поточно, Долнени добива 3,7 милиони зашто две третини од површините се на територијата на оваа општина, а Прилеп со една третина добива околу 2 милиони евра. Парите се легнати на нивните сметки и се главно за инфраструктурни проекти.

Ова инвестиција, која е и највисоко постигната цена за концесија за мермер, е пример за поттик и на домашните компании, за успешна примена на владините економски мерки и креирање нови работни места.

На потшишувањето на договорот во Долнени за концесијата за мермер присуствуваше и министерот за животна средина Садула Дураки.