Божиќната вечера во семејството на премиерот Заев стана топ тема во медиумите.
Во текот на вчерашниот ден актуелна беше сликата која ја објави Ева Заева на Инстаграм, како вечера со златни лажички и вилушки на заедничката прослава за Бадник со премиерот Зоран Заев.
Граѓаните негодуваат. Сметаат дека во време на криза семејството да се луксузира не е во ред, најмалку морално знаејќи дека некои живеат со две евра на ден.
Во меѓувреме нашата економија е во рецесија од 3,3 отсто, јавниот долг константно се зголемува, а според некои статистики пола милион граѓани живеат со 2 евра на ден.
Податоците се поразителни. До кога премиерот Заев ќе се луксузира на сметка на обичниот народ?
Најбучна беше Твитер заедницата со реакции за сликата на Ева Заева и златниот прибор.
Во услови кога 40% од населението во Македонија тоне во сиромаштија, над 50 илјади се останати без работа, да постираш слики дека фамилија Заеви јадат од позлатен прибор е дрско и безобразно pic.twitter.com/UrsvdgaPc5
— Шефот (@The_Chief86) January 7, 2021