Рокот за аплицирање на компаниите во рамките на владината програма за зачувување на работните места, како дел од мерките против здравствената и економската криза, е продолжен до утре, 12 ноември. Ова го изнесе директоката на УЈП, Сања Лукаревска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Тоа значи дека оние фирми кои сакаат да имаат плати за работниците за октомври, ноември и декември ќе имаат уште неколку дена рок да се пријават.
„Имавме прекин во системот за пријавување поради преоптовареност, но затоа ќе го продлжиме рокот за да им излеземе во пресрет на сите компании кои сакаат да ја искористат оваа државна мерка. Ние секогаш сме на страната на граѓаните и на страната на компаниите и затоа ќе им овозможиме на сите они кои ги исполнуваат условите да можат да земат средства за покривање на платите“, објасни Лукаревска.
Таа најави динамичен буџет за следната година, а за оваа година кажа дека наплатата на даноци е солидна, па дури и подобра од ланската во овој есенски период.