Денеска попладне во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево и во Дебар ќе продолжат протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија.
Координативниот совет вчера побара Регулаторната комисија за енергетика да ја повлече одлуката за зголемување на цената на струјата за 7,4% и таа да се намали за потрошувачите за 46%.
Владата да го намали ДДВ-то за електрична енергија од 18% на 5%. Собранието треба да ја укине Регулаторната комисија, велат од советот, бидејќи ова тело, според нив, им служи само на корпорациите и разните бизнис-групи.