Денеска граѓаните по трет па ќе излезат на протести поради поскапувањето на струјата од 7,4%. Протести ќе се одржат во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Прилеп и во Битола.
Граѓанските здруженија бараат поевтинување на струјата за 46%, потоа да се формира независно арбитражно тело кое ќе ја контролира услугата, што потрошувачите ја добиваат од енергетските компании, но и да се укине Регулаторната комисија за енергетика.
„Почитувани граѓани, со оглед на тоа што РКЕ и Владата на РСМ до денес не одговараат на барањата на граѓаните, Скопскиот протестен совет, поддржан од Полицискиот сојуз, Синдикатот за образование, Конфедерацијата на синдикатите на РСМ и други граѓански здруженија и невладини организации, одлучија да продолжат со мирни протести против зголемувањето на цената на електричната енергија. Но овој пат без говори, но со блокади на крстосници, и тоа по моделот 2 крстоници по 2 часа, а потоа 4 крстосници по 4 часа итн“, се наведува во најавата за протестот во Скопје.