Економија 16. јануари 2021. / 12:09

Чевларска фабрика во Штип исплатила по два денари плата

Чевларска фабрика во Штип исплатила по два денари плата

Чевларска фабрика од Штип за септември им исплатила на сите работници плата од 2 денари, алармира претседателката на здружението „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, објави Скопјеинфо.

Таа додава дека две текстилни фабрики од Штип со околу 100 работници, место плата, на работнците им исплатуваат аванси, некогаш 2.000 денари, некогаш 5.000 денари, и сред  здравствена криза, овие работници се оставени без здравствено осигурување

Ампева истакнува дека се повеќе работодавачи исплаќаат плати пониски од минималецот кој изнесува 14.500 денари и дека и укажува на проблемот дека тие како здружение не можат да воспостават соработка со Управата за јавни приходи, која според неа е клучната институција која треба да реагира во случаи кога не е исплатена ниту минималната загарантирана плата.