Економија 26. април 2018. / 19:30

Целосно стопирана изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Целосно стопирана изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Загрижени граѓани на социјалната мрежа Facebook објавија видео на кое јасно се гледа дека на автопатот Кичево-Охрид не се одржуваат никакви градежни активности.

За овој проблем посочи и почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во својот Facebook статус напиша:

„Автопатот Кичево – Охрид, трансферот на власта го затекна на изграденост од 50 осто. Но, потребата да се фабрикуваат скандали и потребата да се прикаже дека не 50 осто, туку како 100 осто да го завршиле СДСМ и тука стапија на сцена. Една година застој, стотици телевизиски прилози, спинови, полувистини и јавни дебати и се на крај ќе заврши со истиот резултат….Една година, работниците седеа дома без плата, една година помалку даноци во буџетот. Една година помалку пари за стотици фирми директно или индиректно вклучени во изработката на автопатот. И наместо да заврши до крајот на оваа година или првата половина на 2019-та, сега ќе заврши во јуни 2021-та“.


Се поставува прашањето, од кои причини се стопираше изградбата на автопатот Кичево Охрид кој првично беше ветено дека ќе биде готов до јануари 2018 година?