Економија 12. мај 2020. / 15:05

Бренан: Во неделата имало само 38 летови во воздушниот простор на Македонија

Бренан: Во неделата имало само 38 летови во воздушниот простор на Македонија

Во неделата имало само 38 летови во воздушниот простор на Македонија, што е 95 проценти помалку отколку во 2019 година, објави на Твитер генералниот директор на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (Еуроконтрол), Емон Бренан.

Редовната сеопфатна проценка на Еуроконтрол за најновата состојба во авиосообраќајот во Европа покажува дека на 6 мај се реализирани 4.803 лета, што претставува пад од 84,8 проценти, споредено со истиот период лани.

Од двата аеродорма во државава, во Скопје и во Охрид, кои се затворени за патнички авиосообраќај од средината на март годинава, се реализираат само карго и хуманитарни летови за враќање на македонските граѓани во земјава. Во март годинава по затворањето на двата аеродрома во државава концесионерот ТАВ Македонија регистрираше намалување на патниците за 55 проценти, во споредба со март лани, а во април за 99 отсто.