Министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција истакна дека и во време на вонредна состојба државата мисли на земјоделците.
Важно е да се набават потребните материјали за да се продолжи со работа, штом условите го овозможат тоа. Ќе се дисперзира исплатата и сите земјоделци ќе ги добијат средствата. Сите што имаат потреба да подигнат готовина, тоа можат да го направат во понеделник на банкомат од 16 часот и без разлика што е полициски час, ќе им биде дозволено бидејќи Министерството за внатрешни работи ги има имињата на луѓето кои треба да си подигнат пари. За да се намали ризикот од ширење на корона вирусот, банките ќе работат со продолжено време, од 8 до 17 часот, а земјоделците ќе имаат можност да се движат до 18 часот – рече Ангеловска.
Тутунопроизводителите можат со парите да го купат она што им е потребно за новата реколта или да ги реинвестират овие пари во нови култури. Сите корисници кои имаат електронско банкарство, пожелно е сметките да ги проверат од дома.