Економија 03. септември 2020. / 23:59

Бесими покрај министер ќе биде и гувернер

Бесими покрај министер ќе биде и гувернер

Министерот за финансии Фатмир Бесими е именуван за гувернер на Македонија во Европската банка за обнова и развој. Одлуката е донесена на денешната владина седница.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за именување на гувернер на Република Македонија во Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2019 година, информираат од владината прес- служба.