Дополнителни 163 милиони евра за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Предлогот за одобрување на државна гаранција за новиот кредит помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет, а по скратена постапка преминува и на собраниска седница.
Заменик министерката за финансии Ширет Елези рече дека по одобрувањето на овој договор ќе се гарантира изградбата на овој автопат.
Од опозицијата посочија дека ќе го подржат прелогот, затоа што Кичево – Охрид е проект од ВМРО ДПМНЕ и треба да се доврши. Обвинија дека власта кога била во опозиција постојано критикувала дека трасата е промашена и служи за собирање провизии, за сега да го промивира како проект кој ќе обезбеди сигурен транспорт.
Кредитот е со рок на отплата од 20 години со вклучен гресј период од 5 години. Каматната стапка е фиксна и ќе изнесува 2 проценти.
Ова е трет анекс на договорот за заем за овој автопат кој беше потпишан во 2013 година, а изградбата на оваа делница од Коридорот 8 започна во февруари 2014 година.