Економија 28. септември 2018. / 14:45

Арсовски: Претседателот на Советот на Неготино на својата мајка и доделил тендери (ВИДЕО)

Арсовски: Претседателот на Советот на Неготино на својата мајка и доделил тендери (ВИДЕО)

Претседателот на Советот на општина Неготино, Диме Витанов, кој е вработен во Термоелектричната централа Неготино, како приправник, кој учествува во креирањето на јавните набавки во таа институција, во април и септември, на својата мајка и доделил три тендери во вредност од половина милион денари, обвини Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Неговата мајка која е управител на фирата „Феникс ММ Сијка ДООЕЛ“ од Неготино, земала тендери од ТЕЦ Неготино и од Основното училиште „Гоце Делчев“ од Неготино.

Набавките биле за кафе, чај, пијалоци, како и за мерни инстументи.