Економија

Анѓушев во Бугарија ќе учествува на економски форуми

Анѓушев во Бугарија ќе учествува на економски форуми

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре е во службена посета на Бугарија каде учествува на дел од активностите во рамките на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Денеска попладне Анѓушев ќе учествува на настан во организација на Светскиот економски форум, а утре на „Виенскиот економски форум“ што се одржуваат во Националниот дворец на културата во Софија.