Економија 28. декември 2018. / 16:53

Анѓушев сам си ја покачи платата за 8.000 денари

Анѓушев сам си ја покачи платата за 8.000 денари

Вицепремиерите, меѓу кои и Кочо Анѓушев си ги зголемија платите за 8000 денари. Анѓушев кој пред некој ден изјави дека не знае колкава е висината на неговата плата, веројатно по најновото зголемување таа информација ќе му биде достапна.

Предлог законот е донесен денеска во Собранието.

Со измените на Законот, коефициентот за утврдување на платата на заменик претседателот на Владата на Македонија ќе се пресметува со коефициент од 4,00, наместо 3,70 коежј коефициент е утврден за пресметка на пклатата на член на Владата.

Согласно ова, разликата во плаа ќе изнесува 8.07 денари месечно во бруто износ, или за 5 заменици на претседателот за 12 месеци, 481.620 денари.

Инаку пред некој ден Анѓушев кажа дека не знае колкава плата зема од Владата.

Не знам колкава ми е платата затоа што досега не сум земал ни една. Исто така ниту сум се борел за некакво покачување и не знам дали воопшто имало покачување, затоа што секоја моја месечна плата била донирана за некое семејство, според список доставен од Министерство за труд и социјала – рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во одговор на новинарско прашање денеска во Собранието.