Економија 01. април 2020. / 15:37

Ангеловска го брани Заев кој излажа дека нема да се плаќаат кредити во банките

Ангеловска го брани Заев кој излажа дека нема да се плаќаат кредити во банките

Заев излажа, како по навика, знаејќи дека Владата не може да решава за такво нешто или сепак, знаеше и навлезе во нешто за кое решаваат банките, давајќи си преголемо значење на себеси. Експертите се децидно против пресметување камата, пишува Курир.

Во меѓувреме министерката за финансии Нина Ангеловска ги правда банките и наспроти очекувањата на граѓаните и нивните интереси за кои како прв човек на финансии во државата треба да се залага, убедува дека никаде банките не давале целосен грејс период, туку дека секаде пресметувале камата, штитејќи ги со тоа интересите на банките, а не на граѓаните..

Заев најави, но испадна дека само пуштал пробен балон полн со популизам. На страна и лагата.. Ова е заклучокот кој се наметнува по помпезната најавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој пред две недели најави дека нема да се плаќаат кредитите во банките, односно граѓаните неколку месеци ќе бидат ослободени од ратите. Така барем требаше да биде додека не мине кризата, пишува Курир.

Заев излажа, како по навика, знаејќи дека Владата не може да решава за такво нешто или сепак, знаеше и навлезе во нешто за кое решаваат банките, давајќи си преголемо значење на себеси. Најочебијно беше тоа што лидер на партија, а не премиер соопштува вакви мерки, кои, како и намалените плати за администрацијата, останаа само лага (платите барем засега).

Одложувањето на плаќањето на кредитите на шест месеци за граѓаните нема да биде бесплатно, туку ќе ги чини пари, доколку донесат одлука да ја искористат можноста која им ја нудат банките поради новонастанатата ситуација со коронавирусот. Финансискиот товар иако привремено ќе им се олесни на граѓаните, потоа ќе се зголеми, бидејќи банките за време на грејс периодот нема да ја отпишуваат каматата на кредитите туку ќе им ја наплатат откако тие ќе започнат со редовно подмирување на нивните долгови.

Мислам дека ова не е добро решение затоа што ќе ги оптовари граѓаните со камата. Подобро би било и во тој грејс период да не се пресметува камата, односно решението да биде да има целосно запирање на кредитиниот процес на одредено време, односно граѓаните да не ги враќаат кредитите во тој период, но во тој период да не се пресметуваат и каматите, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за РСЕ.