Економија 21. ноември 2018. / 18:22

Анализа на Влатко Ѓорчев: Само со едно денешно задолжување, еве колку е задолжен секој од нас

Анализа на Влатко Ѓорчев: Само со едно денешно задолжување, еве колку е задолжен секој од нас

Коментирајки ја последната владина аукција за Хартии од вреднсот на домашниот пазар, преку која министерството за Финансии повлече нови 6 милијарди денари кредит за потребите на Владата, се огласи пратеникот Влатко Ѓорчев. На својата ФБ страница, Ѓорчев има пресметано колку, само со овој кредит, е задолжен секој од нас, колку секое наше семејство, и колку секој вработен.

-Само ова задолжување ДЕНЕС значи:

– 50 евра (3.000 денари) долг за СЕКОЈ граѓанин, од бебе до старец

– 200 евра (12.000 денари) за СЕКОЕ 4-члено семејство

– 70 евра (4.300 денари) за секој ВРАБОТЕН во државата.

Ова е долг само за ДЕНЕС, плус СЕКОЈ ден ќе тече КАМАТА.

Ова ви е поздрав од Заев, Кочо и Тевдовски- вели Ѓорчев во својата кратка анализа