Тоа што премиерот Зоран Заев го ветуваше пред изборите, го исполни српскиот претседател Александар Вучиќ. Просечната плата во Србија достигна 500 евра.
Ова денеска го објави министерот за финансии Синиша Мали на утринската емисија на „Пинк“. Тој објасни дека ова ветување дадено од претседателот на Вучиќ е исполнето. Во Белград просечната плата достигна и до 570 евра.
И покрај пандемијата „Ковид-19“ и падот на економскиот раст, просечните плати на Западен Балкан пораснаа претходната година, а најголем раст имаше во Словенија – 59 евра и Србија – 44 евра, додека најмал раст, од само осум евра, беше забележан во Црна Гора.
Во периодот од октомври 2019 година до октомври 2020 година, во регионот на Западен Балкан, најголем раст на просечната плата е забележан во Словенија, поточно 59,35 евра и во Србија – 44,19 евра.
За разлика од Словенија и Србија, просечната плата во Македонија се зголеми за 36,31 евра, во Хрватска за 18,41 евра, а во БиХ за 14,26 евра. Потсетуваме, јавниот долг на Црна Гора достигна дури 90% од БДП на земјата.
Србија ја надмина БиХ со просечна плата во 2020 година, додека Македонија, иако забележа еден од најголемите скокови кога станува збор за просечната плата – сепак е на последното место во регионот.
Инаку, слично ветување за 500 евра плата имаше и премиерот Зоран Заев. Тој вети просечна плата од 30.000 денари, но досега не го исполни.