Економија 21. април 2018. / 15:09

17 милиони евра инвестиции за канализациони и водоводни системи

17 милиони евра инвестиции за канализациони и водоводни системи

Околу 17 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградба на канализациони и водоводни системи низ општините во државата. Дел од средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а дел преку Европската инвестициска банка. Проектите ќе се реализираат во соработка со отштините, а целта е да не остане ниту една општина каде што ќе нема чиста вода.

-Ниту една општина нема да биде запоставена. Владата ќе работи на рамномерен развој и распределба на средствата во руралните средини и ќе овозможи подобрување на животот и здравјето на граѓаните со изграба на планираните канализациони и водоводни системи. Паралално со ова, при крај се и разговорите за финансирањето на проекти од ТАВ во вкупна вредност од 35 милиони евра и дополнителни средства од 25 милиони евра од заштеди од државни институции кои ги направивме во изминатиот период.-изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Со ваквата владина поддршка, процентот на покриеност со канализациони и водоводни мрежи од сегашните 18 проценти ќе се зголеми на 40 проценти.

Покрај ова, од Министерството за транспорт и врски информираат дека во тек е реализацијата и на проекти за изградба на канализациски и водоводни системи во вредност од околу 11 милиони евра.

-На располагање остануваат околу 12 милиони евра неискористени средства од кредитната линија од ЕИБ. Затоа ги повикуваме сите општини кои се уште имаат на располагање средства, да побрзаат, да достават готови проекти до Министерството за да можеме да ги реализираме.- порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на прес-конференцијата во Владата.