Триесет и седумгодишна скопјанка, со трагична судбина, оставена сама на себе, со здравствени проблеми и без елементарни услови за живот, заслужува подобра иднина, вели Отец Оливер Петровски за „Нетпрес“.
Според него освен здравствена заштита, на девојката потребно и’ е средување на станот, мебел, облека, храна и се останато за нормален живот.
Тој ги повикува сите хуманитарни граѓани кои можат на било кој начин да помогнат, а за повеќе информации да се обратат и на неговиот телефонски број 078 383 743.
Овие информации преку статус се споделени на Фејсбук, со апел за помош да се пријавуваат што е можно поголем број граѓани кои се подготвени да помогнат.
Ова се условите во кои живее девојката: