Претставничките на понежниот пол родени во овој хороскопски знак сакаат маж кој ќе и даде поддршка и ќе се бори со неа во сите битки. За возврат ќе му го даде целото свое битие. Таа е совршена сопруга, грижлива и добра мајка, плeни со својот вроден шарм кој го носи како вистинска дама, природно и спонтано и секогаш изгледа одлично .Таа е вредна и сестрана, за себе посакува маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.
Станува збор за претставнички на понежниот пол родени во знакот на Раковите. Тие се единствени и неповторливо добри личности, дами за пример. Тие во вашиот живот сосема ќе ги променат законите на физиката и ќе го превртат вашиот живот наопаку. Тие се во состојба од која било куќа да направат дом и да ви пружат искрена топлина во секој аспект од животот.
Во креветот исто така се нежни, силни, сензуални, нескротливи и непредвидливи. Нивните бакнежи не можат да ги купат и целото злато на овој свет. Нивните искрени души бараат личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нивните воздишки.