Живот 18. ноември 2018. / 18:24

Забрана за камиони на Плетвар и Стража поради обилни врнежи од снег

Забрана за камиони на Плетвар и Стража поради обилни врнежи од снег

„Денес во 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, поради обилни врнежи од снег“, велат од АМСМ.

Првично на Стража беше воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите моторни возила, но во 16 и 50 часот е воведена и забрана за движење на камиони поради снежните врнежи.