Силно невреме со интензивни врнежи и грмотевици го погоди преспанскиот регион вчера.
Градот направи пустош за краток временски период а поради интензивните врнежи за кратко време тлото и автомобилите буквално побелеа и на истите за кратко време наврна неколку сантиметри град.
Врнежи и грмежи на повеќе места ќе има и во текот на попладнево со што повторно ќе има појава на локално невреме со врнежи од град, стои во временската прогноза објавена од Славчо Поповски.