Магла со видливост до 50 метри има на планинскиот премин Плетвар, соопшти Автомотосојузот на Македонија, во редовниот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот во моментов се одвива по влажни коловози, додека на некои повисоки места и на автопатот Демир Капија – Гевгелија има остатоци од кашаст снег. Од Автомотосојузот на Македонија потсетуваат дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража е се уште на сила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.