Живот 23. мај 2018. / 13:00

Војник преку видео разговор го следи породувањето на сопругата, бидејќи летот му бил откажан (ВИДЕО)

Војник преку видео разговор го следи породувањето на сопругата, бидејќи летот му бил откажан (ВИДЕО)

Неговото лице прикажувало емоции на шок, а можело да се забележи и по некоја солза, а причината им го стопила срцето на сите.

Тој го гледал раѓањето на неговата ќеркичка преку видео разговор, бидејќи не можел да стигне да присуствува на породувањето на сопругата.

Специјалецот Брукс Линдзи брзал да си оди дома од Тексас, додека неговата сопруга имала итна индукција на породување во домот во Мисисипи, бидејќи се соочила со висок крвен притисок.

Докторот ѝ кажал дека за 1 час мора да го извадат бебето, а таа се јавила во Црвениот крст за да му испратат итна порака на сопругот, со оглед на тоа што војниците ги пуштаат дома во вакви случаи само ако некој од мајката или бебето е во тешка или итна состојба како оваа.

Но, одложениот лет го спречил овој посветен сопруг да стигне дома и да го види раѓањето на неговото бебе.

„Мајка ми ми се јави и ми кажа дека Хејли почнала да се породува. Прво, докторите не дозволија видео, но кога дознаа што се случува и дека веќе се гледаме со видео разговор, дозволија да го следам целиот процес.“

Подоцна, неговата сопруга објави видео од него како го гледа породувањето и од неговите реакции:

Тој стана вирален хит благодарение на минувачка која забележала дека Брукс го следи раѓањето на неговата ќерка, го фотографирала и ја објавила фотката на Инстаграм и напишала:

„Овој војник беше на мојот одложен лет вчера и мораше да го гледа раѓањето на неговата ќерка преку FaceTime. Тој плачеше и нашите срца се кршеа. Сите му дадовме простор, а кога слушна како бебето плаче, сите се радувавме за него. Сакав да го споделам ова бидејќи никогаш не сакам да заборавиме на нашите војници кои служат за нас секој ден и како се жртвуваат.“