Живот 30. декември 2018. / 21:07

Водич: Еве како да се вработите во Германија

Водич: Еве како да се вработите во Германија

Доколку донесовте одлука да се преселите и да најдете работа во Германија, тимот на Скопје24 креираше комплетен водич за да ви помогне во вашата намера. Без лажни огласи со информации за плати со астрономски суми, овој водич ќе ви помогне доколку сте сериозни за вашето мигрирање во Германија.

Без разлика дали сеуште сте во Македонија или сте веќе во Германија, најдобриот начин да ја започнете вашата потрага по работно место е на Интернет. Огласи за вработување во Германија можете да разгледате на следниве веб страни:

Федералната агенција за вработување: Федералната агенција за вработување (Bundesamt für Arbeit, или скратено BA) е клучниот посредник помеѓу луѓето и фирмите во врска со сите прашања кои ги засегаат темите вработување и тренинзи за вработување. Главна задача на Федералната агенција за вработување е да им помогне на луѓето да најдат работа. Па така, најголемиот веб портал полн со огласи за вработување ѝ припаѓа токму на оваа агенција. На вебсајтот на Федералната агенција за вработување, можете да пребарувате по категории. Пребарувачот е достапен на германски, англиски и француски, но во моментов најмногу од огласите се напишани само на германски јазик.

Имате прашања во врска со потрагата по работа или работењето во Германија? Експертите од Центарот за миграциска поддршка (VWC) при Федералната агенција за вработување се тука да ви пружат помош на германски или на англиски: остварете разговор во живо ТУКА или обратете се на следната меил адреса make-it-in-germany(at)arbeitsagentur.de.

Make it in Germany” огласи за работа: Тука, можете да направите таргетирани пребарувања и да дознаете во кои професии моментално има потреба од квалификуван кадар.

Телефонска линија за вработување и мигрирање во Германија”: Германската влада има оставено и телефонска линија каде можете да се обратите за совет на германски или на англиски јазик. Телефонскиот број е +49 30 1815 – 1111.

EURES: Федералната агенција за вработување е членка на мрежата EURES 8network, мрежата на сите европски агенции за вработување. Целта на EURES е да овозможи мобилност на работна сила низ земјите од Европа преку давање совети и други услуги од областа на вработувањето. Исто така, на страната на EURES можете да најдете интересни повици, како и програми за финансирање. На веб страната на EURES исто така можете да најдете огласи за вработување во Германија, како и огласи за вработување од други 31 европски земји, информации за вработување и живот во секоја од земји, како и контакти од советниците на EURES во секоја од овие држави. Веб страната на EURES е достапна на 26 јазици.

Дополнително, секоја година EURES организира Европски денови на вработувањето во голем број од европските држави, на кои исто така се презентираат можности за Германија. Информации за термините за овие настани, можете да најдете преку контактирање со некој од нивните советници, или преку консултирање на нивната веб страна или Фејсбук страна.

Веб портали за вработување: Многу германски компании објавуваат огласи за вработување на Интернет. Погледнете ги најголемите портали (пребарајте по германскиот клучен збор: Jobportal), како и по социјалните мрежи. Исто така, можете и да пребарувате компании во Германија кои одговараат на вашиот профил на вработен. Најчесто, овие компании објавуваат огласи за вработување на сопствените веб страни. Категоријата во која обично ги објавуваат повиците за вработување е наречена “Stellenangebote”, “Karriere” или “Vakanzen”.

Повеќе на Скопје24.мк