Живот 27. јуни 2018. / 13:25

Вистински херој: Препливал километар во мрак за да спаси девојка од давење

Вистински херој: Препливал километар во мрак за да спаси девојка од давење

Жител од Иркутската област во Русија, Богдан Огородников, препливал километар во реката Лени, во целосен мрак, за да спаси девојка од давење.

Огородников (23) и неговиот другар Сергеј Качин, се враќале дома на полноќ, кога слушнале повик за помош од правец на реката.

Според министерството за вонредни ситуации на Русија, момчето скокнало во водата и препливало околу километар за да стигне до девојката.

Неговиот колега Качин останал на брегот и ја молел девојката да продолжи да вика, за да може спасувачот да се ориентира во ноќта.

Луѓето кои се собрале на брегот помогнале девојката да биде извлечена од водата.