Живот 21. јули 2018. / 17:42

Ужасна снимка од руски затвор: Чуварите го соблекоа затвореникот и го претепаа (ВИДЕО)

Ужасна снимка од руски затвор: Чуварите го соблекоа затвореникот и го претепаа (ВИДЕО)

Во Русија е отворена истрага, откако активисти објавиле снимка на која чуварите во затворот Јарослав, мачат еден од затворениците.

Затвореникот идентификуван како Јевгениј Макаров на снимката лежи на маса додека чуварите го удираат. Го напаѓаат дури и со електрични шокови, се додека не остане без свест. Во еден момент чуварите дури и го соблекуваат за ударите да му ги нанесат на гола кожа.

Нападот се случил минатата година, но снимката дури сега излезе во јавност.