Живот 16. декември 2018. / 10:42

Утрово се разбудивме со снег – еве каде наврна најмногу

Утрово се разбудивме со снег – еве каде наврна најмногу

Главниот град утрово осамна со тенка снежна покривка. Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен дo засилен северозападен ветер. Во северозападните и западните делови на земјава ќе има врнежи од снег.

На Попова Шапка изутринава наврнаа 8 сантиметри снег. Снежна покривка има и во Маврово ( 3 сантиметри) и во Пожаране.

Минимални температури се измерени во Тетово, Пожаране, Крушево и Маврово. Времето изутринава е облачно со слаб до умерен ветер. Во Тетово и Струмица има појава на магла, а во Гевгелија врнежи од дожд.