Живот 18. ноември 2018. / 22:33

Укината забраната за камиони на Стража

Укината забраната за камиони на Стража

Забраната за камиони на Стража поради обилните врнежи од снег е укината во 20,45 часот, информира АМСМ. Забраната на Плетвар сè уште е на сила.

Обилни врнежи од снег попладнево ги прекрија патиштата низ државава. На патниот правец Крива Паланка- ГП Деве Баир од 19 и 50 часот е воведена забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Делчево- ГП Делчево е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за тешки товарни возила.

Во 20 часот, пак, патниот правец Берово-Виница е нормализиран за сообраќај.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата“, информира АМСМ.