Живот 07. јуни 2018. / 18:51

УХМР со предупредување: Во наредните часови следуваат дожд и грмежи

УХМР со предупредување: Во наредните часови следуваат дожд и грмежи

Времето денеска во земјава е претежно сончево и топло, но нема да остане така во наредните часови. Како што најавуваат од УХМР, попладне во планинските пределисе очекуваа појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ= 8

Утринската температура се движеше од 10 до 17, а дневната од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до 15, а дневната до 31 степени.

Во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја, а кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.