Живот 13. септември 2018. / 14:24

Туристите во паника: Се одрона карпа на плажа на Закинтос – едно лице повредено (ВИДЕО)

Туристите во паника: Се одрона карпа на плажа на Закинтос – едно лице повредено (ВИДЕО)

Туристи доживеале шок на една од најпопуларните плажи на островот Закинтос, кога карпа се одронала на плажата.

Најмалку една жена е повредена, а се стравува дека тројца исчезнале при одронот на карпа, соопштија грчките власти.

Припадниците на крајбрежната служба се обидуваат да утврдат дали има исчезнати.

До одрон дошло на плажата Навагио на северозападниот дел од островот.

Припадниците на крајбрежната стража соопштија дека една странска државјанка е повредена и дека е префрлена во локалната болница.

Локалните медиуми пренесоа изјави на очевидци дека голема карпа паднала во море и создала голем бран кој ги потопил малите бродови.