Живот 30. август 2018. / 10:26

Тригодишно дете се бори за живот – се заразило со смртоносна инфекција на одмор

Тригодишно дете се бори за живот –  се заразило со смртоносна инфекција на одмор

Девојче со само три годинки од Англија се бори за живот откако се заразило со ешерихија коли на одмор, по што настанале силни компликации.

Имено, светските медиуми пренесуваат дека 3-годишната Харпер Дејвис има ретко заболување на бубрезите кое настанува како последица на бактеријата. Семејството уживало на плажа, а девојчето за еден ден се разболело и состојбата драстично се влошила.

Детето добило напади на бубрегот, дијабет, инфекција, имало три операции и трансфузија, а сега се бори за живот во болница.

– Ова може било кого да погоди, многу е страшно, родителите да внимаваат, велат родителите на детето.