Живот 17. октомври 2018. / 10:01

Трамп ја нарече Сторми Даниелс „коњско лице“

Трамп ја нарече Сторми Даниелс „коњско лице“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник на Твитер, ја нарече „коњско лице“ порноактерката Сторми Даниелс, која тврди дека со него била во врска.

Сојузниот суд во Лос Анџелес во понеделник ја отфрли тужбата за клевета која против претседателот ја поднесе Даниелс.

Судијата пресуди дека претседателскиот твит за кој Даниелс тврди дека е клеветнички, е претседателско право на слобода на говор загарантирано со првиот амандман во Уставот.

Задоволен од таквата пресуда, претседателот, на кој не му е туѓа употребата на зборови за потсмев за другите, се нафрли на Сторми.

„Сега можам да го нападнам „коњското лице“ и нејзиниот треторазреден адвокат“, напиша Трамп од Белата куќа.

Таа веднаш му одговори на Twitter.

„Дами и господа, ви го претставувам вашиот претседател“, напиша таа и и потенцира дека уште еднаш покажал некомпетентност, омраза кон жените и неспособност да се контролира.

„Готово е малечок“, заклучува Даниелс, во очигледната алузија на својата неодамна објавена книга во која подробно ја опишува анатомијата на Трамп.